За нас
ТРАНСФЕР Куманово е формиран во почетокот на деведесетите. Официјален роденден на фирмата е 16/04/1990. Од самиот почеток во светот на транспортот, нашата посветеност кон работата дава резултати кои се поттик за уште поголемо залагање на патот на успехот.
Основна и единствена дејност на фирмата е Меѓународен транспорт на стоки во друмски соораќај според CMR и IRU – TIR конвенции. Располагаме со сопствен возен парк кој ги задоволува строгите еколошки норми во меѓународниот транспорт според ECMT резолуции.
Нашиот тим на возачи е со долгогодишно работно искуство во меѓународниот превоз на стока, надополнето со модерните норми и барања во сегашноста. Политиката на фирмата, квалитетот на услугата како и know-how ситемот се приоритети за комплето задоволство на нашите клиенти.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |








